Лени Јоро го комплетира квартетот стопери во Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Лени Јоро. Токму тоа име го кажа тренерот на Реал, Карло Анчелоти во февруари кога размислуваше каков профил на млад стопер би бил најдобар за неговиот тим. И веќе тогаш започнаа контактите со играчот и Лил за 19-годишниот француски млад репрезентативец.

По заминувањето на Начо Родригез и продажбата на Рафа Марино во Наполи, Реал остана само со трио стопери – Едер Милитао, Антонио Ридигер и Давид Алаба. Затоа се интензивираа преговорите со Лил за да се комплетира трансферот до крајот на неделата. Иако Французите првично побараа 100 милиони евра за момчето кое штотуку наполни 18 години, како што пишува „Марка“, се чини дека зделката ќе биде завршена за околу 40 милиони евра, со оглед на тоа што договорот на играчот истекува за една година.

Јоро нема да потпише нов договор со Лил и ја чека одлуката на клубот како подготовка за новата сезона. Францускиот клуб нема многу простор за маневрирање, ниту влегувањето на Манчестер Јунајтед во приказната не може ништо да промени. Затоа што Јоро сака само да оди во Реал.

Доколку случајно се случи Лил да не попушти пред барањата, Јоро би останал во клубот до крајот на договорот, а потоа следното лето како слободен играч би се преселил на „Бернабеу“. Анчелоти не би купил друг стопер, туку би го прераспределил Чуамени на стоперската позиција и на тој начин бројчано би ја затворил позицијата.

Иако штотуку полнолетен, Јоро веќе има една цела сезона под појасот, бидејќи беше стандарден играч во тимот на Лил и младата селекција на „триколорите“. Се верува дека Јоро ги има сите квалитети да стане исклучителен стопер, особено што има брзина да игра и десен бек. Јоро минатата сезона одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола.

Слични содржини