Ние ќе побараме од премиерот и да не се појават преставници на Градот бидејќи искрено нема што да покажат различно од документите што ги имаме ние кои се релевантни. Ќе побараме фактите да бидат изнесени и од Владата или премиерот или некој што тој ќе го задолжи. Ако некој во оваа држава смета дека треба да му се дозволи на градоначалникот и понатаму да провоцира вакви состојби, денес јавнио превоз, утре можеби нешто друго-тогаш е недозволиво, рече директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.
Тој побара и поддршка од граѓанскиот сектор во однос на, како што вели, нехумано и несоодветно однесување на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
-Доколку продолжи ова, можеби ќе има поголема граѓанска активност во која што повеќе групи на граѓани ќе се појават како загрижени откако ќе ја слушнат вистината и ќе превземат активности и ќе ни дадат поддршка и ќе се вклучат во она што го бараме, додаде Јовановски.
Според него, нема да се остават работите незавршени и неразјаснети.
-Јас ќе повторам дека како Ленин Јовановски и Слобода превоз ќе продолжиме да ја докажувам нашата вистина пред институциите. Правото на понатамошно делување или евентуални протести остануваат на приватните превозници, кажа Јовановски во изјава за медиумите.