Ленин Јовановски: Жал ми е за сите оние што поверуваа на лагите на психопатот

од Nikola Popovski
999 прегледи

Директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски сподели со јавноста дека долгот на ЈСП Скопје кон нив изнесува над милион евра.

Тој жали што за луѓето што поверувале во лагите на, како што вели, „психопатот кој ја смисли оваа ујдурма“.

Јовановски додава и дека ќе го наплати „долгот со сите оние додавки за адвокати, извршители, камати и штети“.

Директорот на „Слобода превоз“ во неколку наврати рече дека бил изманипулиран и ја нарече Арсовска „психопат“.

-Психопатот многу успешно знае да ви се наметне, да ве излаже и да ве стави во своја функцјија, се додека му требате. Првиот момент кога јас застанав зад приватните превозници, веќе следниот ден бев непријател на градоначалничката, која со најгруби зборови ме нападна, изјави неодамна Јовановски.

Врз основа на контролата на сметководствената евиденција констатиран е вистинскиот долг на ЈСП Скопје кон „Слобода Превоз“ кој заклучно со 28.11.2022 г. изнесува 61.821.504 денари

Слични содржини