Лео Меси тргнува по рекордот на Алвеш: „Ако некој е пред вас, тоа значи дека бил подобар од вас“

од Vladimir Zorba

Десниот бек на Барселона, Даниел Алвеш изјави дека нема да биде вознемирен доколку аргентинскиот напаѓач на Пари Сен Жермен и поранешен соиграч од каталонскиот гигант, Лионел Меси го престигне по бројот на освоени трофеи во кариерата.

Бразилецот е најтрофејниот фудбалер во светот, со 43 трофеи. Со титулата во Франција, трофеите на Меси станаа 39.

„Ако некој е пред вас, тоа значи дека бил подобар од вас“, напиша Алвеш на социјалните мрежи и објави списоци со неговите и трофеите на Меси.

Алвеш има договор со Барселона до крајот на сезоната, земајќи минимална плата за играч во Ла Лига – 155.000 евра.

Слични содржини