Организацијата „Алијанса за планетата“, која е поддржана од светски познатиот актер Леонардо Ди
Каприо, ќе донира 5 милиони долари за справување со пожарите во Амазонија и спасување на
шумите, соопшти „Variety“.

Во недела беше создаден, т.н. „Фонд за амазонската џунгла“. Неговата цел е да му помогне на
локалното население во нивните напори да ги заштити и сочува дождовните шуми.
Според податоците собрани од „Алијансата за планетата“, во моментов се пријавени повеќе од
72.000 пожари во џунглата во Амазон. Ова е огромно зголемување во споредба со
минатогодишните пожари. Ова предизвикаа распространето незадоволство на социјалните
медиуми, при што многу познати личности се ставија во одбрана на џунглата од Амазон.
„Најголемата дождовна шума во светот е важен дел од глобалните климатски промени. Без
Амазон, не можеме да престанеме да ја загреваме Земјата“, напиша Ди Каприо на Инстаграм