Популарниот холивудски актер и заводник Леонардо ди Каприо, неодамна организираше забава по повод својот 48-ми роденден во Беверли Хилс.
Покрај семејството и пријателите, тој покани и многу колеги, кои одлично се забавувале.
Бредли Купер, Ештон Качер, Леброн Џејмс и Ребел Вилсон биле само дел од холивудските ѕвезди на оваа забава која се одржа минатиот викенд.
Кејт Хадсон, неговата добра пријателка и колешка, во понеделникот имаше премиера на филм па ги откри деталите од забавата на црвениот тепих.
„Тоа беше многу потребно лудило! Многу се забавувавме“, рекла Кејт, а потоа додала:
„Го познавам Лео од мојата 17-та година и ова беше една од најдобрите роденденски забави на кои сум била. Навистина ни беше потребно. Одлична забава со добра музика, пијалоци и храна и мислам дека сите одлично се забавуваа“.
На прославата на актерот присуствувале и неговите родители – Џорџ ди Каприо и Ирмелин Инденбиркен, меѓу останатите.
Инаку, личноста која никој не забележа дека се појавила на забавата е Џиџи Хадид, познатата манекенка со која актерот се поврзуваше откако раскина со Камила Мороне.