КИЛИЈАН МБАПЕ е се поблиску до преселба во Реал Мадрид, потврди спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.
Реал веќе понуди 160 милиони евра за Килијан Мбапе, но ПСЖ одби, објавија вчера француските медиуми, телевизијата ТФ1 и весникот „Ле Паризиен“, а престижниот париски „Л’Екип“ откри дека францускиот гигант ќе размисли да продава, ако Реал за младиот офанзивен играч понуди 200 милиони евра.
Сега се огласи и Леонардо, а неговата изјава ја пренесе угледниот новинар Фабрицио Романо.
„Килијан Мбапе сака да замине во Реал Мадрид и ние нема да го спречиме. Ја одбивме првата понуда на Реал, но доколку се исполнат условите, ќе видиме. Му дадовме две важни понуди на Мбапе. Една што ја имаат најдобрите играчи на нашиот тим, а другата што е над тоа. Првата ја понудивме пред два месеци, а втората неодамна. Сакаме да му докажеме дека е важен играч, центарот на нашиот проект, но не е над проектот“, рече Леонардо.
Леонардо додаде дека ПСЖ нема намера да го продаде Мбапе, но дека тој сепак е подготвен да го продаде доколку сака да си замине. Тој забележува дека тој и претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи мислат исто.
„Се чини дека стратегијата на Реал е да добие одбивање од нас и на тој начин да покаже како се обиделе се, а потоа чекале една година да го донесат без надомест. Килијан вети дека нема да замине без надомест. Понудата на Реал е многу далеку од она што го сакаме за Килијан. Да, таа беше околу 160 милиони евра. Тоа е помалку од она што дадовме за него во 2017 година. Немаме план да разговараме повторно со Реал за Мбапе. Крајниот рок е полноќ на 31 август. Ова е преодниот рок. Ние нема да го пуштиме за помалата сума што ја дадовме за него и се уште му должиме на Монако. Никогаш не сме ја отвориле вратата за да го продадеме Мбапе. Никогаш. Луѓето не велат дека сакам да го продадам, а Насер не, туку Насер и јас мислиме исто, но ако играчот сака да замине, тогаш тој ќе замине според нашите услови. Немаме план да разговараме со Реал. Дали Реал ќе ја зголеми понудата? Не знам. Само знам што реков за Реал. Тие работат на Мбапе две години, разговараат со сите, семејството … “, рече Леонардо.