866
Ако спаѓате во групата луѓе кои страдаат од болки во грбот и лошо држење на телото, испробајте го овој тренинг.
Овие вежби не само што ќе ви помогнат да ги затегнете мускулите на рацете и грбот, тие ќе го подобрат држењето на телото, но и ќе ја намалат болката во грбот, од која страдаат се поголем број на луѓе.
Тренингот трае само 15 минути, а за најдобри резултати се препорачува да се изведува 3 пати неделно, во комбинација со други вежби. Ќе ви требаат два тега или две шишиња наполнети со вода за изведување на овие вежби.
Вежбите се креирани да го активираат секој мускул на грбот и рацете на насочен начин. По само еден месец, треба да ги забележите првите резултати. Со упорност, за кратко време ќе имате грб и држење налик на балерина.