На автопатот кај Мала Копашница во Лесковац во саботата се случиле две сообраќајни незгоди во кои седум лица се повредени, како последица на несоодветна брзина, соопшти СВР Лесковац.
Припадници на МВР во Лесковац ќе поднесат кривична пријава против 26-годишен државјанин на Северна Македонија поради сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, додека пријава ќе биде поднесена и против 44- годишен белграѓанец поради загрозување на јавниот сообраќај.
Како што се сомневаат, младиот маж од Северна Македонија вчера попладне на автопатот кај Мала Копашница управувајќи „пасат“ се судрил со камион поради несоодветна брзина, пренесе „Танјуг“.