Лесни начини за стимулација на плодноста

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Некои жени зачнуваат без особени напори, но други ја немаат таа среќа. Ако сте од вторите, добро е да се потрудите да промените некои работи во секојдневниот живот, за да го поттикнете вашето тело за полесно зачнување.b75b8ca14107ad064fe53167a0231c71

Што треба да правите секој ден, за да забремените полесно?

Легнувајте си порано

Ненаспаноста лошо се одразува на организмот на сите нивоа, вклучувајќи и на репродуктивниот систем.
Жените на кои биле применети инвитро процедури пројавиле подобри резултати кога си обезбедувале најмалку 8 часа спиење, според истражувањата.

Стоп на газираното

Газираните пијалоци пречат на зачнувањето. Истражувачите откриле дека шансите за зачнување се намалуваат за 16%, ако секојдневно пиеме газирани пијалаци.

Мијте ги забите подобро

Забните инфекции влијаат на лесното зачнување. Верувале или не, секоја едно бактериска акумулација во организмот влијае на плодноста. Значи бактериите во усната шуплина може и да се покажат како камен на сопнување за навремено забременување.

Елиминирајте ја анксиозноста

Стресот и анксиозноста се одразуваат на многу нивоа. Ако нивоата на стрес се премногу високи, јајниците може дури и да престанат да овулираат.

Чувајте го вашиот мобилен телефон подалеку

Мажите кои ги држат своите телефони во џебовите или на ременот на панталоните имаат помал број на сперматозоиди, категорични се резултатите од бројни истражувања. Ова најверојатно се должи на постојаните електромагнетни бранови кои техниката ги емитува.
На ист начин штетното зрачење од телефоните влијае и на хормоналниот баланс во јајниците, а и во останатите жлезди со внатрешно лачење во женското тело.
Значи, треба да се потрудиме да го држиме мобилниот подалеку од нашето тело.

Стоп за глутен

Проблемот со глутен доаѓа оттаму, што ако намалувањето не е ефикасно – треба да се запре целосно. Се разбира, не секоја жена треба да се лиши од глутен, бидејќи тој штети само на оние кои имаат дијагностицирана целијачна болест – интолеранција на глутен.
Според истражувањата 6% од случаите на стерилитет и неможност за зачнување се должат на интолеранција на глутен.

Редовни вежби

Физичката активност е многу важна за добрата циркулација на крвта. Циркулацијата пак од своја страна влијае на репродуктивните органи. Колку добро снабдени со крв се тие, толку поголеми се шансите за зачнување.

Стоп за цигарите
Нема потреба од објаснувања зошто цигарите се штетни. Сите го знаеме тоа. Едноставно е неизбежно да се потсетиме овој факт. Пушењето го спречува брзото зачнување.