173
Лестер се согласи да плати парична казна од 3,1 милиони фунти на Англиската фудбалска лига за кршење на правилата за финансиски ферплеј, објавија британските медиуми.
Англискиот клуб, кој сензационално триумфираше со титулата во Англија пред две години, ги прекршил правилата во сезоната 2013/14 кога завршил прв во Чемпионшип. „Лисиците“ потоа забележаа загуба од 20,8 милиони фунти, што го надминува значително загубениот износ од 8 милиони фунти.
Лестер првично одби да ја плати казната, но потоа ја призна својата вина и се согласи да плати 3,1 милиони фунти.