Фудбалерите на Лестер го совладаа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со резултат 1:2 во првиот натпревар од 36-тото коло на Премиер лига.
Имајќи предвид дека разликата помеѓу водечкиот Сити и второпласираниот Јунајтед сега е 10 бода, а до крајот на шампионатот девет бода остануваат во игра за „црвените ѓаволи“, „граѓаните“ официјално се нови шампиони на Англија .
„Лисиците“ поведоа на „Олд Трафорд“ со голот на Лук Томас во 10-та минута, но „црвените ѓаволи“ многу брзо стигнаа до израмнување преку Мејсон Гринвуд пет минути подоцна.
Голот за ново водство и победата на гостинскиот тим го постигна Чаглар Соиунџу во 66. минута од средбата.
Лестер е трет по оваа победа со 66 бода, додека Јунајтед е чекор погоре со четири бода повеќе.
Со победата над Јунајтед, играчите на Лестер направија веројатно одлучувачки чекор кон Лигата на шампионите.
„Лисиците“ сега имаат осум бода повеќе од петтопласираниот Вест Хем.