Лестер се ослободи од Клод Пуел

од Vlatko K
192 прегледи

Лестер го отпушти својот менаџер Клод Пуел откако вчера шампионот на Премиер Лигата за 2016
година загуби дома со 1:4 од Кристал Палас.

Ова беше трет последователен пораз за „лисиците“ кои немаат победа во последните седум
натпревари.

52-годишниот Французин го презеде Лестер на 25 октомври 2017 година. Под негово водство, тимот
забележа 19 победи и 24 порази во 56 натпревари.

Пуел го напушта тимот на 12 место на табелата со 32 поени.