Летаа боксови: Тепачка на турското кошаркарско дерби (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
339 прегледи

Кошаркарите на Анадолу Ефес поведоа со 2-0 во финалната серија од турската Супер лига, со победа од 95:73 над Фенербахче.

Бубоа постигна 27 поени за победничкиот тим,  а плејмејкерот Мичиќ беше стрелец на 23 поени и имаше седум скока и асистенции.

Крис Синглтон имаше 15 поени, додека во тимот на Фенербахче Нандо Де Коло и Марко Гудуриќ беа подобри од другите со 14, односно 13 поени. Де Коло имаше шест скока и асистенции, а Гудуриќ имаше пет украдени топки и успешни додавања.

Слично како и на првиот натпревар, Фенер се држеше во текот на првото полувреме, а потоа падна во завршницата.

Натпреварот беше обележан и со тепачката помеѓу Крис Синглтон и Мелих Махмутоглу, кои си разменија неколку боксови во четвртата четвртина, по што беа исклучени од натпреварот.

Неконзистентноста го чинеше тимот на Кокошков, кој успеа од минис четири после 20 минути игра, да израмни на 43:43 во третата четвртина.

Од тој момент, работите тргнаа надолу за тимот на Фенербахче, иако до тепачката имаа некаков приклучок.

Дури во четвртата четвртина, Ефес ја проби предноста од десет поени и ја зголеми разликата до крајот. Следниот натпревар се игра за два дена.

Слични содржини