На автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници привеле млад возач кој се движел со речиси двојно поголема брзина од дозволената. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, 24-годишен жител на селото Пирок бил запрен при рутинска контрола на сообраќајот, откако управувал автомобил од марката „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски таблички, со брзина од 162 километри на час.
На делницата каде што бил измерен, максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. По откривање на прекршокот, возачот бил одведен во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, според член 297-а од Кривичниот законик. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, со цел поголема безбедност на патиштата.