ЛЕТЕН ДЕТОКС од 3 дена го полуде светот! Ќе изгубите 3 килограми и ќе се ослободите од надуеноста, а ќе се исчистите и од токсини

од Vladimir Zorba
525 прегледи

Напитоците за детоксикација, за слабеење или чистење на организмот, се направени од лековити билки, овошје и зеленчук богати со антиоксиданси, кои ги исфрлаат токсините, ги чистат цревата и го стимулираат метаболизмот. Тие, пак, помагаат да се изгуби некој килограм.

Долгорочните ефекти на пијалоците за детоксикација за слабеење не се научно докажани, но експертите истакнуваат дека е безбедно да се пијат пијалоци за чистење на телото заедно со урамнотежена исхрана, со оглед на тоа што се направени од природни состојки.

За првиот напиток ви е потребна свежа краставица салата и неколку свежи лимони. Излупете ја краставицата и во соковник направете 750 мл сок од краставица. Исцедете неколку лимони за да добиете 250 мл сок од лимон. Измешајте ги двата сокови и ставете ги во стаклено шише или бокал. Овој сок најдобро се пие на празен стомак или 20 минути пред оброците.

Доколку не сте навикнати да пиете сокови, почнете да го користите овој третман за чистење на телото со една чаша пијалок дневно. Нутриционистите потсетуваат дека соковите од овошје и зеленчук може да се мешаат со јогурт или сурутка, а секој сок може да се претвори во суперпијалок доколку во него се додаде лажица масло од ленено семе богато со омега-3 масни киселини.

Вториот напиток е од мед, лимон и ѓумбир.

За овој напиток да го исчисти организмот од вишокот маснотии и додадениот шеќер, потребно е:

1/2 лимон
лажица мед
1 см корен од ѓумбир
чаша топла вода.

Загрејте чаша вода, но немојте да ја завриете. Издробете го, испасирајте го исчистениот корен од ѓумбир.

Во чаша топла вода додадете сок од лимон, издробен ѓумбир и мед. Напитокот пијте го додека е уште топол, по можност наутро, пред јадење. Пиењето на оваа смеса наутро го олеснува чистењето на телото, а во текот на денот може да се чувствувате помалку надуени и поактивни. Овој пијалок помага и за зајакнување на метаболизмот на телото. Медот исто така може да помогне во потиснување на апетитот и да помогне во губење на тежината.

Третиот напиток е сок од репка и нане

За овој ароматичен, освежителен напиток кој добро го чисти телото, потребно е:

едно цвекло со средна големина
грст листови од нане
прстофат сол.

Слични содржини