Летен список за читање

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Летниот одмор е поубав со добри книги! Тие се верни придружници на секое патување. Имаат моќ да ве расположат, релаксираат и одведат на незаборавна авантура. Без разлика дали ова лето ќе го поминете на плажа или, пак, во градска средина, не заборавајте да ја освежите својата домашна библиотека со некој од новите наслови од издавачката куќа „Арс Ламина“. Во морето нови книги ова лето ви претставуваме пет свежи наслови со кои ќе уживате. На новиот летен список за читање се: нежната приказна за осаменоста, пријателството и моќта на читањето: „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс, историската фикција со романса „Кери Сото се врати“ од Тејлор Џенкинс Рејд и возбудливите трилери: „Станот во Париз“ од Луси Фоли, „Совпаѓање“ од Харлан Кобен и „Златната двојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен.

  1. „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс

Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.

Вдовецот Мукеш, откако ќе му почине сопругата, живее повлечен живот на улицата Илинг. Секоја среда пазарува, оди во храмот и се грижи за неговата внука Прија, која се повлекува во нејзината соба да чита, додека тој ги поминува вечерите гледајќи документарци.

Алиша е одлична ученичка, но анксиозна тинејџерка, која преку летото работи во локална библиотека. Сосем случајно, открива стуткано парче хартија на крајот од книгата „Да се убие птицата подбивница“. Тоа е список со романи за кои таа не чула никогаш. Заинтригирана, а по малку и од здодевност поради бавното темпо на работа во библиотеката, таа импулсивно решава да ја прочита секоја книга од списокот, една по една. Секоја приказна е магија – книгите барем за момент ја оттргнуваат Алиша од болната реалност со која се соочува дома.

Кога Мукеш пристигнува во библиотеката, очаен да се поврзе со неговата внука и пасионирана читателка Прија, Алиша му препорачува книги од списокот за читање, надевајќи се дека ќе биде полезен и за него, како што е за неа. Полека, споделените книги ги поврзуваат двете осамени души, фикцијата им помага да ги надминат тагата и секојдневните проблеми и повторно да пронајдат радост.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/34393-spisokot-za-citanje

  1. „Кери Сото се врати“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Главниот линк во романот, кој е бестселер на „Њујорк тајмс“, Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет гренслем-титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://www.literatura.mk/istoriski-romani/35210-keri-soto-se-vrati

  1. „Станот во Париз“ од Луси Фоли

Од британската бестселер авторка, Луси Фоли, која многумина ја нарекуваат современата Агата Кристи, ни пристигнува нов возбудлив крими-трилер: „Станот во Париз“. Ова е трета книга на Фоли, која на македонски јазик ја објавува „Арс Ламина“, по „На лов“ и „Списокот со гости“. Секој што ги читал книгите на Агата Кристи ќе го препознае нејзиниот дух во овие книги. Луси Фоли не крие дека токму тоа ѝ е намерата. Главната хероина Џес, Британка која едвај врзува крај со крај, доаѓа во Париз за да најде прибежиште во домот на нејзиниот многу побогат и поуспешен брат Бен. Наместо братот, во неговиот стан наоѓа само траги од крв. И додека на само неколку стотини метри од неговиот стан се случува вистинска мала граѓанска војна во која демонстрантите се тепаат со полицијата, Џес ја води својата битка со станарите на зградата за да открие што се случило и каде е нејзиниот брат.

Приказната е толку непредвидлива што дури на последната страница можеме да бидеме апсолутно сигурни што всушност се случило.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк: https://www.literatura.mk/krimitriler/33964-stanot-vo-pariz

  1. „Совпаѓање“ од Харлан Кобен

„Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.

Главниот протагонист Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како момчето од шумата. Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син. Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Кога доксерите еден по еден умираат, станува јасно дека се мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди…

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://www.literatura.mk/krimitriler/35091-sovpaganje

  1. „Златната двојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен

Богатите жители на едно предградие во Вашингтон – Мариса и Метју Бишоп се чини дека имаат сè – сè додека Мариса не го изневери сопругот. Под фасадата на совршенството се наоѓа врска уништена поради работа и недостаток од интимност. Таа сака да ги поправи работите за доброто на нивниот осумгодишен син и затоа што го сака нејзиниот сопруг. Тогаш се појавува Ејвери Чејмберс. Ејвери е психотерапевтка која ја изгубила својата професионална лиценца. И покрај тоа, не престанува да ги советува луѓето во криза. За таа цел, тие мораат да се согласат со нејзините неортодоксни методи. А Бишопови се очајни. Кога ќе го пречекорат прагот на куќата на Ејвери и кога Мариса ќе го признае своето неверство, сите тројца се на пат што води до сериозен конфликт. Најголемите тајни сè уште се скриени, па веќе не е во опасност само нивниот брак.

„Златната двојка“ е уште еден напнат трилер од златната авторска двојка Грир Хендрикс, Сара Пеканен, кои стојат зад романите „Анонимна девојка“ и „Не си сама“ – сите изданија на „Арс Ламина“.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://www.literatura.mk/krimitriler/33491-zlatnata-dvojka

Слични содржини