Летна храна, која не треба да ја јадеме

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Астрономски настапува летото, и ако сега сме одлучиле да симнеме неколку килограми за топлите месеци, малку е доцна.

Тоа сепак не е причина да посегнуваме по масна и нездрава храна – се уште може да направиме нешто се себе ова лето, дури тоа да се изразува во тоа да ја ограничиме бескорисната и суперкалорична храна.

Еве некои од храните, кои треба да ги исфрлите од вашата исхрана ова лето.

Чипс и други спакувани закуски

Чипсот нема никаква врска со домашните пржени компири (не дека тие се особено корисни). Готовите пакувани храни сепак содржат обилно количество сол, шеќери и конзерванси, а тоа се состојки кои не ги сакаме во вашето тело.

Похован зеленчук

Зеленчукот е корисен – факт. Не и во оној вид, кога се потопуваат во брашно (јаглехидтрати!) и се пржат во пемногу жешкомасло. Добиваме ударна доза од калории и нула витамини.

Салати со мајонез

Сосовите со мајонез се вкусни, а понекогаш и тие можат да бидат корисни, кога ги правимесо домашни производи. Меѓутоа, кога јадеме надвор, процентот да „налетаме“ на сос од мајонез, полн со конзерванси, е многу висок. Да не заборавиме на можноста за салмонела, која се развива од високите температури.

Ледени коктели

Instagram фидот во текот на летото не може да мине без нив, но никој не ја кажува нивната „валкана тајна“ – шеќер!

Школки

Како што вели покојниот Ентони Бурден, школките се јадат само ако видите кога ги фатиле или ако го познавате готвачот. Во други случаи, ризикот од труење не е многу мал.

Домашна лимонада

Имаме во предвид не онаа што сами ја правиме, туку „домашната“ лимонада во разните локали. Покрај лимон, во неа има и голема количина на шеќер.