Летовите не се откажани, чекаме известување од МВР, велат од „ТАВ Македонија“

од Nikola Popovski

Од „ТАВ Македонија“ потврдија дека меѓународниот аеродром-Скопје утрово преку електронска пошта примил закана за поставенa експлозивнa направa.

Додаваат дека информацијата веднаш била пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници и/или минувачи кои биле затекнати на аеродромот биле безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот.

-Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред, стои во соопштението од „ТАВ Македонија“.

Во низата дојави за доставени бомби во изминатиот период, денешната пријава на скопскиот аеродром се случува за првпат.

Слични содржини