Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев го објави списокот со 26 играчи кои ќе играат на претстојното Европско првенство.
За прв пат од 2018 година, во тимот се поканети дефанзивниот играч Матс Хумелс и напаѓачот Томас Милер.
Германија ќе игра во групата Ф на Европското првенство против репрезентациите на Франција, Португалија и Унгарија.
Пред Европското првенство, Германија ќе одигра два пријателски натпревари, на 2 јуни против Данска и на 7 јуни против репрезентацијата на Летонија.
Состав на Германија:
Голмани: Мануел Нојер (Баерн Минхен), Кевин Трап (Ајнтрахт Франкфурт), Бернд Лено (Арсенал)
Одбрана: Антонио Ридигер (Челзи), Матс Хумелс (Борусија Дормтунд), Матијас Гунтер (Борусија Менхенгладбах), Никлас Зуле (Баерн Минхен), Емре Чан (Борусија Дортмунд), Лукас Клостерман (Лајпциг), Робин Госенс (Аталанта), Робин Конох (Лидс), Кристијан Гинтер (Фрајбург), Марсел Халстенберг (Лајпциг)
Среден ред: Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Илкај Гундоган (Манчестер Сити), Томас Милер (Баерн Минхен), Каи Хаверц (Челзи), Тони Крос (Реал Мадрид), Леон Горецка (Баерн Минхен), Јонас Хофман (Борусија Менхенгладбах), Флоријан Нојхаус (Борусија Менхенгладбах)
Напад: Серж Гнабри (Баерн Минхен), Лерој Сане (Баерн Минхен), Џамал Мусиала (Баерн Минхен), Кевин Фоланд (Монако), Тимо Вернер (Челзи)