„Лев Тахор“ ќе го напушти селото Лакоречеј за 10 дена

од Nikola Popovski
297 прегледи

На иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков, денеска, во Општина Охрид се одржа координативен состанок во врска со возмиреноста и негодувањата на локалните жители, поради престојот на еврејската религиозна група Лев Тахор во хотелот „Прага“ во селото Горно Лакочереј.

-Ја разбирам загриженоста и стравот на локалните жители кои се резултат на многубројните медиумски написи и шепекулации во јавноста во врска со оваа религиозна група. Потенцирав дека сите недлежни инстититуции соодветно постапуваат и непречено ја вршат својата работа, при што е констатирано дека религиозната група престојува само во кругот на сместувачкиот објект и не претставува опасност за околината. Упатувам апел за смиреност и трпение кај жителите од двете охридски села, објави Пецаков.

На средбата од страна на претставниците на СВР Охрид било посочено дека се извршени сите безбедносни контроли на членовите на религиозната група.

-Тие објаснија дека групата имала договор за престој во хотелот со времетраење од две недели и дека по истекување на договорот ќе го напуштат Охрид. Полициските службеници потенцираа дека во интерес на поголема смиреност кај населението, ќе ги зголемат редовните патроли во двете села и дека ќе бидат постојано во контакт со сопствениците на хотелот, објави Пецаков.

„Лев Тахор“ од неделата вечер е сместена во хотелот во охридското село, а вчера во изјава пред медиумите изјавија дека не се ниту терористи, ниту шпиони како што смета дел од населението.

-Целта ни е да ги посетиме синагогите, гробиштата и други културно историски споменици на еврејската заедница. Потрошивме многу пари, а не исполниле ниту еден од плановите за посета. Немаме планови да бараме никаков постојан престој, тука сме привремено, имаме дозвола од тримесечен престој, а немаме намера да останеме тука повеќе од еден месец, рече една од членовите на „Лев Тахор“.

Слични содржини