Лев варијанта за Реал Мадрид?

од Vladimir Zorba

Германскиот тренер Јоаким Лев може да го предводи Реал Мадрид од летото. За слична опција се зборуваше по интервјуто со поранешниот тренер на „белиот балет“, Бернд Шустер.

Поранешниот тренер на шпанскиот гигант спомена за средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, на која шефот му дал повод да смета дека следниот стратег, кој ќе биде ангажиран да го предводи клубот, е токму Јоаким Лев.

„На еден настан разговарав со претседателот Флорентино Перез и го споменав Лео. Тој ме погледна толку чудно, очигледно го изненади со нешто. За мене нема да биде изненадување ако Реал Мадрид се обиде да го привлече Јоаким Лев во текот на летото“, изјави Бернд Шустер пред „Die Welt“.

Тренерот на германската репрезентација не криел дека покажува интерес за работата на клубот. Пред неколку недели тој дури спомена дека можеби неговите најдобри денови со Германија веќе поминале.

Слични содржини