Лев заинтересиран да ја продолжи тренерската кариера, но само со репрезентација

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Јоаким Лев е заинтересиран да ја обнови тренерската кариера, пишува агенцијата ДПА. Поранешниот селектор на германската репрезентација и светски шампион од 2014 година не работел откако го напушти Бундестимот пред четири години, но сака да води друга земја до СП во 2026 година.

Според информациите, 64-годишниот Лев, чиј роденден е следната недела, моментално не се гледа на кормилото на клупски тим.

„Во последните две години добив неколку понуди, но да бидам искрен не сакав да се вратам. Сега, сепак, сум подготвен да ги разгледам понудите кои ми оставаат добар впечаток. Имам големо искуство со репрезентациите и нивна подготовка за големите турнири“, рече тој во интервју за „Кикер“.

Лев беше помошник тренер на Јирген Клинсман во германската репрезентација помеѓу 2004 и 2006 година, а потоа беше тренер на тимот помеѓу 2006 и 2021 година. Тој ја освои светската титула во 2014 година, третото место на Светското првенство 2010 и второто на Евро 2008. Последната работа на Лев на клупско ниво беше во Австрија Виена во сезоната 2003/2004.

Поранешниот селектор на Германија признава дека требало да ја напушти селекторската функција во Бундестимот по елиминацијата во групната фаза за СП во Русија во 2018. Истото се случи и со тимот во Катар.

„Морав да отворам пат за личност со нови идеи, која полесно ќе ја направи транзицијата од „златната“ генерација“, рече тој, цитиран од ДПА.

Слични содржини