Лева кажа дали ќе оди во Реал

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски не сакаше да ги коментира гласините на мадридскиот весник „Марка“ дека работи напорно за свој трансфер во Реал во текот на летото.

„Немам поим за овие гласини и тие воопшто не ме интересираат. Не сакам да коментирам ништо повеќе на оваа тема, бидејќи секоја година секогаш е едно и исто. Оваа ситуација не е нова за мене“, отсече полскиот снајперист на денешната пресконференција.

„Не сакам да зборувам какви се нашите шанси во Лигата на шампионите, бидејќи таму учествуваат само тимови од највисока класа. Ајде прво да го елиминираме Бешикташ. Треба да се концентрираме на следниот натпревар. Ако продолжиме напред, можеме да зборуваме за претстојните натпревари“.

„Оваа ситуација во Бундеслигата со голема предност ни е позната во последните три години. Важно е да се задржи напонот, исто и во Лигата на Шампионите. Треба да даваме 100% на секој натпревар. Зборувам со Јуп Хајнкес, самиот тој беше многу добар напаѓач и е супер тренер. Тој може да ми помогне. Мило ми е што работиме заедно, но дали ќе остане и во следната сезона, само тој може да ви одговори“, рече уште Левандовски.

Слични содржини