Левандовски: Го напуштам Баерн, нешто умре во мене

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Фудбалерот на Баерн и полски репрезентативец Роберт Левандовски повтори дека сака да го напушти клубот од Минхен, објави Sky Sport.

Левандовски неколку пати изјави дека нема намера да го исполни договорот со Баерн кој ќе трае до јуни следната година.

„Сакам да заминам затоа што сакам да доживеам нови емоции. Баерн не ги слуша моите желби и потреби. Одеднаш нешто умре во мене и не можам да го преболам. Тоа е премногу дури и за професионалец“, изјави Левандовски за полскиот портал „Спорт онет“.

Полскиот напаѓач призна дека има понуда од Барселона.

„Не размислувам за друга понуда освен таа на Барселона, јасно е дека сакам да го напуштам Баерн. Ако сум со години во Баерн, па дури и играв со болки и повреди, тогаш верувам дека треба да се најде најдоброто решение за двете страни. Освоивме многу трофеи, тоа беа прекрасни осум години. Мојата лојалност треба да биде повеќе од само обичен бизнис“, заклучи Левандовски.

Слични содржини