Левандовски го забележа најбрзиот „хет-трик“ во историјата на ЛШ

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски го постигна петтиот хет-трик во Лигата на шампионите и постави нов рекорд во ова натпреварување.

Напаѓачот на Баерн Минхен постигна три гола против Салцбург во реваншот од осминафиналето во првите 45 минути.

Лева ги постигна своите голови од 12. до 23. минута, со што стана најбрзиот стрелец на три гола во историјата на елитното натпреварување.

Се пресметува дека до 23. минута го заврши својот „хет-трик“, па го надмина досегашниот рекорд.

Тој беше запишан во 1996 година од Марко Симоне, кој постигна три гола до 24. минута од натпреварот.

Италијанскиот напаѓач го постави својот рекорд на натпреварот помеѓу Розенборг и Милан каде „росонерите“ славеа со 4:1.

Згора на се, Полјакот постигна најмалку 40 гола во седма последователна сезона, со што дефинитивно го потврди статусот на еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.

Слични содржини