Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја одби последната понуда на клубот за продолжување на договорот. Двете страни преговараат подолго време, а Баварците се обидуваат да го убедат Полјакот повторно да потпише и да остане на „Алијанц Арена“, и покрај сериозниот интерес за голгетерот на Барселона. Сепак, двете страни се уште се многу далеку од постигнување договор, а иднината на 33-годишниот ветеран останува под знак прашалник, пишува „Спорт“.
Левандовски и неговиот агент Пини Захави биле крајно разочарани од најновата понуда на Баерн. Не се задоволни ниту од времетраењето на предложениот договор, ниту од платата утврдена во него. Актуелниот договор на играчот е до 2023 година, но тој се повеќе верува дека е време да се промени средината и е во искушение од можноста да си ја проба среќата во Барселона.
Од „Камп Ноу“ внимателно следат што се случува со Полјакот, но сепак не брзаат да дадат конкретна понуда. Каталонците немаат преголем буџет за трансфери и мора да бидат многу внимателни на пазарот. Засега сметаат на самиот Левандовски да побара трансфер и дури потоа да се обиде да го земе за мала сума.