Најдобриот фудбалер на светот, Роберт Левандовски, се присети на неговите денови во Борусија Дортмунд и соработката со најдобриот тренер на светот, Јирген Клоп.
Напаѓачот на Баерн има многу блиски односи со менаџерот на Ливерпул, кога го гледа како татко и смета дека е најзаслужен за неговиот фудбалски развој.
– Тој е како оние наставници кои на училиште ги нарекувавме лоши затоа што секогаш не принудуваа да правиме и да учиме повеќе, а потоа им се заблагодаривме за тоа. Тој беше како татко за мене во Борусија и тој беше мојот „лош“ учител, „лош“ во најдобрата смисла на зборот. Тој не би бил задоволен со „четворка“, секогаш ме тераше да работам за „петка“. Не го правеше тоа за себе, туку за мене.
Левандовски се присети на една анегдота која најдобро го опишува односот на Клоп кон играчите.
– Тој секогаш нè гледаше прво како луѓе, а дури потоа како фудбалери. Пиевме за време на слободните денови, а потоа во соблекувалната го камуфлиравме мирисот на испарување од алкохолот со лук. Но, него не можевме да го измамиме. Мирисаше низ соблекувалната како куче трагач, а потоа само ќе речеше „хм, мирисам лук“ и знаевме дека нè открил.