Да, Лионел Меси заедно со Кристијано Роналдо ги одбележаа последните 10 години од светскиот фудбал, но оваа „Златна топка“ не требаше да му биде доделена. Тоа е барем општиот впечаток…
Сите го видоа Роберт Левандовски како победник. Сепак,… Тој ја доби нововоспоставената награда за најдобар стрелец. Тоа, сепак, не му е утеха.
Напаѓачот на Баерн си ја отвори душата во интервју за полските медиуми, каде призна дека му било многу тешко.
– Бев многу тажен што не победив, нема причина да се кријам. Бев толку блиску, се натпреварував со Меси за трофејот… Тоа само покажува колку високо стигнав. Го ценам Меси, се што има постигнато во кариерата, но ме уништи тоа што не победив. Драго ми е што таа недела не играв за Баерн – изјави Левандовски.
При примањето на наградата, Меси рече дека ја заслужува Левандовски…
– Неговите зборови би ми значеле доколку почувствувам дека се искрени, а вака се празни – изјави Роберт Левандовски.