Левандовски: Му реков „да“ на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сè уште еден од најпочитуваните голгетери, иако се приближува кон својата петта деценија. Тој игра елитен фудбал веќе деценија и пол, а откри дека бил на работ да замине на „Олд Трафорд“.

Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, исто како што ги тресе во Германија. И според сопственото признание, речиси ги тресе во Премиер лигата, бидејќи во 2012 година беше на работ да се пресели во Манчестер Јунајтед.

– Им реков „да“ тоа е вистина. Но, Борусија не сакаше да ме продаде, мислеа дека ќе вредам повеќе за една или две години – рече Левандовски.

Иронично, Левандовски всушност го напушти Дортмунд две години подоцна. Но, тој замина во Баерн, но како слободен агент, Борусија не доби ниту еден цент обештетување. Тој го играше фудбалот на својот живот во Баерн, а во Шпанија продолжи да покажува каков голгетер е. Сепак, малку жали што не се пробал во најсилната лига на светот.

– Можеби малку жалам што не се обидов во Премиер лигата, но кога ќе се осврнам назад, играв за Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд и можам да кажам дека сум задоволен од мојата кариера, додаде тој.

Слични содржини