Роберт Левандовски е решен во намерата да го напушти Баерн Минхен ова лето иако има уште една година од договорот.
Полскиот напаѓач изрази желба да се пресели во Барселона и нема да дозволи сегашниот клуб да ги блокира понудите.
Наводно, Полјакот веќе ги договорил сите услови со Каталонците (двегодишен договор со опција за продолжување на уште една) и не планира да се откаже.
Баерн, пак, веќе одби неколку понуди од Барселона со намера да го задржи.
Според германските медиуми, Баерн е подготвен и на можноста Левандовски да ги тужи за да го раскине договорот, а од друга страна Левандовски е подготвен на далеку подрастични чекори од тужбата.
Се наведува дека Левандовски би можел повторно да се обиде да изврши притисок врз Баерн со своите изјави и јавни настапи.