Роберт Левандовски сакаше јасно да стави до знаење дека има уште многу да понуди и дека сака да остане во фудбалската елита.
Роберт Левандовски е јасен и не се крие. Секогаш кога има прилика не потсетува дека неговите години не се пречка да продолжи да игра на највисоко ниво, а уште повеќе дека тоа го прави додека го брани дресот на Барселона. Полскиот напаѓач е среќен во каталонскиот клуб и предупредува дека нема намера во блиска иднина да ја менува средината. Засега не размислува за егзотични авантури.
Полјакот и неговото семејство се среќни во секојдневниот живот во Барселона. И нема ништо подобро од добивањето награда во сопствената земја за да се пренесе момент кој го живее во сегашноста и да се разјаснат некои сомнежи за својата иднина. Сето ова се случи за време на гала вечерта организирана од неделниот магазин „Пилка Нозна“ за избор на ѕвездите на полскиот фудбал за 2024 година.
Секако, Роберт Левандовски беше избран за најдобар играч во земјата. „Лева“ не можеше да присуствува на церемонијата, но имаше можност да им се заблагодари на луѓето за признанието и да одговори на неколку прашања преку видео повик.
Најпрвин Левандовски се заблагодари на мајка си што во негово име ја прими наградата. Тој, исто така, имаше неколку нежни зборови за своето семејство, пред да се осврне на неговата моментална ситуација во Барселона.
„Со возраста, човекот станува поемотивен и почнува да забележува работи кои претходно ги пропуштал. По тренингот во Барселона, секојдневно се среќавам со полски навивачи. Вашето присуство и поддршка ми се од големо значење. Тие често беа оние кои ми го подигна моралот во тешки моменти и ми помогна да го изберам вистинскиот пат во кариерата“.
По првичните размислувања на Левандовски, прашањето за неговите 37 години и физичка подготвеност беше речиси неизбежно.
„Многу сум горд на моите години и не се срамам од тоа. Ве уверувам дека се уште не сум го кажал последниот збор“, изјави тој.
Полскиот напаѓач ја истакна важноста фудналер да се чувствува среќен во клуб како Барселона.
„Јас сум таму каде што сакам да бидам и мојата цел е да покажам дека годините се само бројка. Сè уште можам да ги постигнам истите успеси што ги постигнав пред неколку години. Навистина сакам да продолжам да играм, а насмевката што ме придружува за време на тренинзите и натпреварите никогаш не го напушта моето лице. Сè уште сакам да се натпреварувам и да освојувам повеќе трофеи“, рече тој.