Полската фудбалска репрезентација нема да игра бараж за Светското првенство против Русија, откако Русите извршија агресија против Украина. Во рамките на дополнителните квалификации за СП 2022 година, Полјаците требаше да играат во Москва на 24 март. Роберт Левандовски, најдобриот полски фудбалер го поддржа ставот на Фудбалскиот сојуз на Полска. Дури и да значи дека Полјаците ќе испаднат од квалификациите.
Левандовски ја носеше капитенската лента во победата на Баерн над Ајнтрахт вчера во Франкфурт, во боите на Украина, за да му даде поддршка на украинскиот народ. Инаку, на тој натпревар и на семафорите пред почетниот судиски свиреж пишуваше „Путин, престани!“ Левандовски и претходно го рекламираше конфликтот во Украина.
„Ова е вистинската одлука“, изјави ѕвездата на Баерн. „Не можам да замислам да играм против руската репрезентација додека Украина е на удар. Руските фудбалери и навивачи не се одговорни за тоа, но не смееме да се правиме дека ништо не се случува“, додаде Левандовски.