Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски не го криеше разочарувањето по поразот со 1:2 од Атлетико Мадрид. „Каталонците“ поведоа резултатски, но дозволија пресврт, a победничкиот гол за гостите падна во продолжението од средбата.
Левандовски призна дека сите во тимот биле многу лути поради наивно испуштените бодови.
„Мислам дека имаше неколку фактори за поразот. Плус тоа, направивме грешки кои Атлетико ги казни во контранапад. Знам дека можеме да играме добар фудбал. Имавме свои шанси, но не ги искористивме. Мислам дека во последните три недели ни недостасуваше самодоверба и смиреност во решавачките моменти“, сподели Левандовски.
„Оваа полусезона ни одржа добра лекција. Понекогаш, ако не можете да победите, барем не треба да го изгубите натпреварот. Ова ни се има случено неколку пати од почетокот на сезоната. Мислам дека во новата година ќе се вратиме посилни и ќе играме подобар фудбал“.
„Мислам дека сите во тимот се лути бидејќи во првото полувреме одигравме многу добро. Бевме одлични. Можам да кажам дека бевме добри и во вториот дел, но поради нашите грешки, Атлетико успеа да создаде шанси и да постигне голови“, изјави полскиот ветеран.