Според многумина, најдобриот напаѓач на планетата, Полјакот Роберт Левандовски, сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и ќе стори сé за Баерн да го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми.
Одличниот напаѓач влегува во последната година од договорот и нема намера да ја продолжи соработката со Баварците.
„Левандовски ќе побара трансфер од Баварците. Тој верува дека направил се со Баерн и бара нови предизвици. Реал е неговиот најголем сон и би можел да го оствари следното лето“, пишува весникот АС.
Приоритет на Реал е доаѓањето на Килијан Мбапе, но тој нема да влијае на Левандовски. Реал, исто така, е сериозно заинтересиран за Ерлинг Халанд, но ќе има тешка задача, бидејќи Норвежанецот е цел на многу богати клубови.
Левандовски со Баерн ја освои Лигата на шампионите и седум титули шампион на Германија.