Левандовски повторно задоцни на тренингот на Баерн

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Роберт Левандовски втор ден по ред задоцни на тренингот на Баерн (Минхен), објави Билд. На овој начин само се засилуваат сомнежите дека вака напаѓачот ја изразува својата огорченост од одбивањето на клубот да го пушти во Барселона.

Вчера стрелецот се појави со 7 минути задоцнување на почетокот на сесијата, а денеска тоа се повтори. На самиот тренинг утринава Лева го покажа својот дух шегувајќи се со роденденското момче Серж Гнабри.

Полскиот репрезентативец инсистира да биде продаден на каталонскиот гигант, но Баерн засега ги одбива понудите и инсистира на сума од 50 милиони евра.

Слични содржини