По синоќешното доделување на „Златната топка“, Роберт Левандовски, кој заврши зад Лионел Меси, утрово му честиташе на Аргентинецот, но ги поздрави сите кои се „виновно“ за друго свое достигнување – Најдобар напаѓач за 2021 година.
„Прво сакам да му честитам на Лионел Меси за освојувањето на Златната топка. Сакам да му се заблагодарам на секој новинар кој гласаше за мене и мислеше дека сум направил нешто важно во 2021 година. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината, но ниту еден играч не може да освои индивидуална награда без помош на силен тим и лојални навивачи“, рече Лева, додавајќи.
„Му благодарам на Баерн што ми даде можност да успеам и да ги исполнам моите соништа. Исто така, им благодарам на моите соиграчи од Баерн и полската репрезентација, но и на навивачите кои секојдневно ме поддржуваат и тоа навистина многу ми значи. И што е најважно, многу благодарам на моето семејство. Фала мамо, ти благодарам Ана – ти си љубовта на мојот живот и мој најдобар пријател. Благодарам на сестра ми Милена и на сите пријатели и луѓе околу мене кои ме поддржуваат секој ден. Вие сте основата на мојот успех“.