Левандовски успеа да го направи тоа што досега во ЛШ го има направено само Роналдо

од Nikola Popovski
90 прегледи

Фудбалерите на Барселона во вторникот во 2. коло од Лигата на шампионите го победија Јанг Бојс со 5:0, а во таа победа Роберт Левандовски постигна два гола.

Полскиот репрезентативец беше стрелец на првиот и четвртиот гол на натпреварот, со што го направи она што досега го има направено само Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите.

Имено, по Роналдо, Левандовски стана вториот фудбалер во историјата кој по 30-годишна возраст успеал да постигне 50 или повеќе голови во Лигата на шампионите, најелитното фудбалско клупско натпреварување.

Левандовски со двата гола синоќа стигна до 50 гола по 30-тиот роденден, додека Роналдо постигна 68.

Инаку, Левандовски има вкупно 96 постигнати голови во Лигата на шампионите, а првиот го постигна во Борусија Дортмунд во 2011 година.

Слични содржини