Германскиот шампион Баер Леверкузен покажува сериозен интерес за младиот офанзивен играч за врска на Манчестер Сити Џејмс Мекати, тврдат новинарите Фабрицио Романо и Флоријан Плетенберг. 22-годишниот фудбалер е посакуван од тренерот на „аспирините“ Чаби Алонсо, кој во него до крајот на сезоната гледа идеална замена за повредениот Мартин Тери.
Според информациите, Леверкузен дал понуда за договор за позајмица плус опција за негов евентуален трансфер. Во оваа фаза, сепак, не е јасно дали Манчестер Сити ќе го пушти младиот играч.
Оваа сезона Мекати речиси и да нема шанси во тимот на Пеп Гвардиола, кој минува низ тежок период, најмногу влегува како резерва. Фудбалерот има 14 настапи и 5 гола досега оваа сезона, од кои три беа против Салфорд во ФА Купот.
Неодамна го постигна својот прв гол за Манчестер Сити во Премиер лигата во убедливата победа од 6-0 на гостувањето против Ипсвич. Во текот на досегашната кариера, младиот играч двапати беше позајмен во Шефилд Јунајтед.
Доколку зделката за Мекати пропадне, Леверкузен размислува да се сврти кон Емилијано Буендија од Астон Вила.