Леверкузен е во неверојатна серија оваа сезона, на која не и се гледа крајот. Баер стигна до 49 натпревари без пораз, сметајќи ги сите натпреварувања, Бундеслигата, ДФБ-Покал и Лига Европа.
На таа серија за малку ќе дојдеше крај во четвртокот навечер во Леверкузен. Баер и гостуваше на Рома во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа, губеше со 2:0, но на магичен начин повторно избегна пораз.
Избраниците на Чаби Алонсо заостануваа два гола, но со голот на Јосип Станишиќ во судиското надополнување заврши 2:2. И ја продолжи својата неверојатна серија.
Леверкузен дури и по осми пат избегна пораз со гол во судиското надополнување, што е навистина уникатен подвиг. Баер до крајот ќе одигра уште пет натпревари, три во првенството, финалето на Лига Европа, како и финалето од Купот на Германија против Кајзерслаутерн.
На овој начин и Леверкузен постави апсолутен рекорд оставајќи ја зад себе Бенфика која во периодот од 1963 до 1965 година имаше 48 последователни натпревари без пораз.
Леверкузен викендот ќе гостува во Бохум, потоа ќе го пречека Аугсбург, а финалето со Аталанта ќе го игра во Даблин на 22 мај, а финалето на Купот со Кајзерслаутерн на 25 мај.