Леви категорично ја отфрли новата понуда на Сити за Кејн

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Тотенхем категорично ја отфрли подобрената понуда на Манчестер Сити за Хари Кејн во износ од 125 милиони фунти, пренесуваат „Телеграф“ и „Дејли Меил“. Според информациите, претседателот на клубот Даниел Леви не одговорил ниту на повиците на „граѓаните“ во врска со зделката помеѓу двата клуба за голгетерот.

Се споменува и средба помеѓу Леви и Кејн пред почетокот на минатата сезона. На неа, шефот на „мамузите“ му вети на англискиот репрезентативец дека ќе се согласи да го продаде играчот ако тимот не освои ниту еден трофеј или не заврши во најдобрите 4 на шампионатот. Како што е познато, „мамузите“ повторно останаа без трофеј во последната кампања, завршувајќи на 7 -то место во Премиер лигата. Сепак, Леви се уште одбива да го исполни ветувањето до sвездата на тимот.

Што се однесува до неговото доцнежно приклучување кон тимот, Кејн остана со впечаток дека Леви му понудил подолга пауза. Сепак, недостатокот на комуникација значеше дека 28-годишниот фудбалер не ја разбира промената во плановите на клубот. Така, напаѓачот мораше да го откаже одморот на Флорида за да се врати порано во Лондон.

Се претпоставува дека тој нема да отпатува за гостувањето кај Пакош Фереира од Лигата на конференции и наместо тоа, ќе остане во англиската престолнина за да се подготви за првенствениот натпревар против Вулверхемптон.

Слични содржини