Левица бара да го постави Ќосето во Аеродром: „Бил другар на Гоце Делчев“

од Nikola Popovski
262 прегледи

Вчера на Советот на Општина Аеродром, советничката група на Левица доставила иницијатива за поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром во паркот во Горно Лисиче, како што велат, по барање и инсистирање на претседателот на советот.

Од партијата информираат дека нивната иницијатива е усвоена.

Според Левица, „Андон Лазов Јанев – Ќосето е македонски револуционер, современик и другар на Гоце Делчев и Јане Сандански кој пак е поврзан со Општина Аеродром“.

-Тој споменик без разлика која и чива власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува фаќа прашина во некое депо на Градот Скопје и да биде камен на сопнување и играње пинг понг помеѓу институциите за дневно политички поени, стои во соопштението на Левица.

Споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953), беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалникот беше Коце Трајановски. Ќосето е еден од петте споменици кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Со доаѓањето на функција на тогашниот градоначалник Петре Шилегов, споменикот беше отстранет оти било утврдено дека е дивоградба односно нема решение за негово поставување. Откако беше тргнат, споменикот беше однесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.

Слични содржини