Левица бара укинување на застарување за кривични дела на функционери – поделени реакции во Собранието

од Марта Пешевска
138 прегледи

Пратениците од Левица предложија измени во Кривичниот законик со кои би се укинало застарувањето на кривичните дела сторени од функционери. Сметаат дека сегашните измени се амнестија за политичката и бизнис елита и поттик за корупција.

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ најавија дека ќе ја разгледаат иницијативата пред да донесат став. Министерството за правда работи на решение за штетите од контроверзните измени. СДСМ поддржува построги закони за функционери, но се против ад хок решенија. Тие сметаат дека нов Кривичен законик, изработен со ЕУ експерти и според германскиот модел, е вистинскиот чекор напред.

Измените донесени пред година и пол беа критикувани и на домашен и на меѓународен план, вклучително и од Европската комисија.

Слични содржини