Левица обвини дека општините каде што се на власт „кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се претворени во цицачи за финансирање на функционерите и елитата во друштво на Христијан Мицкоски“.
Новоназначените лица од Мицкоски кои секојдневно пропагираат борба против криминалот и корупцијата во државава, за делење тендери и крадење на нашите народни пари зборуваат во прво лице, бидејќи и самите тие, како и оние кои ги осудуваат во јавност, си оствариле огромен сопствен бенефит. Имено, вкупно 18.053.858,5 денари градоначалниците на само две општини му подариле на директорот на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ , Ивица Томовски, поточно неговата компанија СИТИ ЛОГИСТИКС, велат од огранокот на Левица од Гази Баба.
Информираат дека во општина Гази Баба е склучен Договор за реконструкција на објект Трубарево – втора фаза меѓу ЈКП Гази Баба и „Сити Логистикс“, на ден 21.2.2023 година во вредност од 5.000.001 денари. Потпишан е од в.д. директорот Игор Атанасовски.
Дополнително, уште еден Договор за реконструкција на објект меѓу ЈКП Гази Баба и „Сити логистикс“ е склучен на ден 5.12.2022 година во вредност од 4.800.01 денари. Овој договор е исто така потпишан од в.д. директорот Игор Атанасовски.Тоа се вкупно од Гази Баба 9.800.014,46 денари. Томовски и претходно бил мотивиран за својата работа во партијата и тоа токму од неговиот лидер, Мицкоски. Со потпис на Хистијан Мицкоски, Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Само од плати во тој период Томовски добивал над 2 милиони денари или над 30.000 евра. Компанијата Сити Логистикс и тогаш не била оставена на цедило бидејќи како тогашен Управител на ЕЛЕМ Турс, Томовски добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории каде што еден од тие договори е со вредност од 2 милиони и 600 илјади денари, поточно 42.000 евра. На тој договор потпис имаат ставено управителот Томовски и Мицкоски, посочуваат од Левица.
Од Левица велат дека неколку општини ги одржуваат во живот неколкуте компании кои што се блиски до Мицкоски, останатите општини директно како што тврдат од партијата му даваат финансиски инекции, а додека пак спред нив централната власт се грижи за сопствените тендери.