Левица до ВМРО-ДПМНЕ: Дали македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско?

„Од патетични флоскули за „горда Македонија“, паднавте до ниво да напаѓате партија која единствена има храброст да понуди сопствени кандидати во општини каде што вие и СДСМ кукавички се повлековте“, порачаа од Левица

од Nikola Popovski
70 прегледи Фото: Левица

Левица соопшти дека „со искрено неверување ги следат бламирачките изјави на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга“. Оттаму велат дека „од патетични флоскули за горда Македонија, паднавте до ниво да напаѓате партија која единствена има храброст да понуди сопствени кандидати во општини каде што вие и СДСМ кукавички се повлековте и одлучивте да ги поддржите ВРЕДИ и ДУИ.

-Вие, кои од петни жили ги браните кандидатите на ВРЕДИ, немате никакво морално право да ѝ држите лекции на Левица. Се спуштивте на ниво вашиот помал коалиционен партнер да не ви прави никакви отстапки – па така, на пример, во Град Скопје извади свој кандидат за градоначалник без да ве праша.

Поврзувањатта на Левица со ДУИ се крајно смешни. Ние никогаш сме немале договори со ДУИ и така ќе остане. Пример за тоа се бројните кривични пријави поднесени единствено од наша страна против функционери од ДУИ, истакнуваат од партијата на Димитар Апасиев.

Додаваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ е симболот на коалицирање со ДУИ, како во минатото – така и сега.

-Заедно владеевте со години, заедно ги амнестировте т.н. Хашки случаи, заедно гласавте и гласате штетни одлуки во советите како во Велес и Куманово, заедно носите двотретински закони во Собранието преку политички пазар, вие го пуштивте Артан Груби во бегство и до ден денес владее молк за тој случај. Дали според вас македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско? Дали тоа е вашата визија за „горда Македонија“, прашуваат од Левица.