Левица ги демантира медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ: Пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното, малолетникот со мотоцикл се забил во совозачката врата на возилото

„Ја повикуваме македонската јавност да не подлегнува на тенденциозни лажни вести и шпекулации од потплатени непрофесионални медиуми, со цел како општество да се справиме со оваа несакана ситуација на граѓански одговорен начин“, се вели, меѓу другото, во демантот на партијата.

од Vladimir Zorba
448 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Сашко Јанчев

Партијата Левица ги демантира бројните дезинформации во врска со сообраќајната несреќа која беше пријавена од страна на нивниот пратеник – Сашко Јанчев, а кои, спред нив, воопшто не одговараат со фактичката состојба на терен.

Според партијата, пратеникот Јанчев немал алкохол во крвта и не возел над дозволеното, а малолетник, без возачка и кацига, со мотоцикл се забил во совозачката врата на возилото.

„Ја повикуваме македонската јавност да не подлегнува на тенденциозни лажни вести и шпекулации од потплатени непрофесионални медиуми, со цел како општество да се справиме со оваа несакана ситуација на граѓански одговорен начин“, се вели, меѓу другото, во демантот на партијата.

Во раните утрински часови денеска во село Марино, општина Илинден, се случила тешката сообраќајна несреќа во која учествувал пратеникот. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од Јанчев, се судрило со мопед на кој се превезувале двајца малолетници.

ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека очекува пратеникот на Левица да си поднесе оставка.