Левица ги поддржува младите и студентите во нивната антикорупциска борба

од Nikola Popovski
260 прегледи

Од Левица велат дека го следат развојот на настаните и повторно изразуваат поддршка за самоорганизирањето на студентите за експлицитно студентски прашања поврзани со нивното претставување.

-Од друга страна, гледаме дека во најтраорните денови во поновата македонска историја, кога ја преживуваме најголемата колективна болка како нација – во овие денови на жалост владејачката партија ДПМНЕ организира јавна хајка против млади луѓе, користејќи провладини елементи. Авторитарниот пристап на власта не загрижува за демократската атмосфера во општеството. Во ова осетливо време власта избира да се пресметува со опозицијата за да избегне одговорност, стои во пораките од партијата.

Левица остро го осудува, како што велат, однесувањето на властите кои „без ронка срам сакаат да го демонизираат гневот и болката на младите кон системот кој ни одзема толку блиски луѓе и сограѓани, давајќи му партиски контекст“.

-Партиите на системот кои учествуваа во неговото креирање да не морализираат – Левица настана и ќе продолжи да постои како одговор на нивната корупција. Силата на едно општество лежи во смелите идеи и неисцрпната енергија на младите. Кога создаваме вистинските можности за младите, создаваме напредокот на целото општество. Поддршката на младинскиот активизам е заложба за подобро утре.

За Левица и нашата Црвена Младина, чии активисти се меѓу повредените во немилиот настан, должност е да ги поддржиме и заштитиме, стои во соопштението од партијата на Димитар Апасиев.

Левица и вчера обвини дека била организирана јавна хајка против нивен член на партијата и студент на Филозофскиот факултет. Претходно дел од медиумите објавија дека Кирил Митановски е организатор на протестот на студентите во понеделник, дека е член на подмладокот на партијата и поранешен советник во општина Аеродром.

Слични содржини