Левица го разби молкот и го предизвика ДПМНЕ: Зошто не сакате да зборувате за дивоградбите?

од Марта Пешевска
32 прегледи

Катерина Јовановска од Левица денеска го обвини ДПМНЕ дека избегнаа расправа за дивоградбите во општините на Скопје. Според нејзиниот статус, советниците на ДПМНЕ не сакаа да учествуваат во дискусијата за решавање на проблемот со дивоградбите, особено во Чаир и Сарај.

Денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, посветена на оваа тема, заврши без никаква дискусија откако не беше усвоен дневниот ред. Прво, не се собра доволно мнозинство за оправданост на седницата, но на поединечно гласање ЗХГ ја поддржа седницата. Сепак, кога се гласаше за дневниот ред, ДПМНЕ, ДУИ и ЗХГ беа воздржани, па седницата не започна.

Потоа, ДПМНЕ поднесе барање за нова вонредна седница која требаше да се занимава со дивоградбите во Сарај и другите општини. Откако увидоа дека барањето ќе биде поддржано од сите советници, ги повлекоа документите, спречувајќи ја дебатата да се одржи.

Јовановска јасно порача дека Левица ќе го поддржи секое барање за дискусија за дивоградбите во сите општини во Скопје и ги повика советниците од ДПМНЕ да не бегаат од одговорност и да се вклучат во решавањето на проблемот, наместо да го кријат и штитат.

Слични содржини