Премиерот Димитар Ковачевски смета декаа вистинската опасност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија доаѓа од „политичка партија која во својата програма се противи на ЕУ, членството во НАТО, Берлинскиот процес и Отворен Балкан“.
-Таа партија е Левица и нивниот претседател Апасиев. Таа партија го зема во заложништво претседателот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тој е слаб, без став и без визија. Таков човек лесно може да биде земен во заложништво и тоа се случува во моментов на македонската опозиција. На таков политички пироман не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на државата. Уставните измени се за продолжување на европскиот пат. Се зависи од 120 пратеници во Собранието. Не се 80, 90 или 110, туку 120 кои сите имаат одговорност пред своите деца, децата на нивните пријатели, роднини, да донесат одлука со која ќе им обезбедат иднина, која што значи членство во ЕУ, одговори Ковачевски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама.