Пратеникот од Левица, Борислав Крмов информираше дека пратеничката група од неговата партија ќе гласа за Законот за прекршоци кој што е пресуден за спроведување на системот „Безбеден град“.
Тој истакна дека Левица го поддржува законот бидејќи ќе спасува човечки животи.
-Секако законот не е совршен и има многу работи кои што ќе треба да се менуваат. Така и беа најавите. Секако планираме да се вклучиме во процесот, особено во делот околу казнувањето. Цениме дека треба да има скалесто казнување – секој да плаќа според своите примања. Не може оној кој што зема 500 евра плата, да плаќа иста казна за ист прекршок со оној што зема 50 илјади евра плата. Тоа ќе биде едно од нашите барања и очекуваме поддршка од парламентарното мнозинство, рече Крмов на денешната седница во Собранието.